Чавушоглу: Турција сака примирје во Сирија
Турција се залага за прогласување на примирје во Сирија пред Нова Година и сака заедно со Русија да биде гарант за постигнувањето мир во оваа блискоисточна земја, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Тој при тоа уште еднаш повтори дека Анкара не би водела преговори со сирискиот претседател Башар ал Асад.
Чавушоглу вчера соопшти дека турски и руски владини претставници постигнале договор за содржината на две спогодби за Сирија, но не обелодени повеќе детали.
- Едниот од нив се однесува на политичко решение на сирискиот конфликт, а другиот за прекин на огнот. Договорите можат да стапат во сила во секој момент, нагласи турскиот министер.
Тој потврди дека Анкара сака траен прекин на огнот во цела Сирија и политичка транзиција преку преговори.
Чавушоглу исто така потецира дека мир во земјата, што би вклучувало и останување на Асад на власт, е невозможен, бидејќи опозицијата тоа не може да го прифати.
Турскиот министер посочи и дека Партија на демократската унија на сириските Курди нема да учествува во преговорите меѓу властите во Дамаск и претставници на опозицијата, што треба да се одржат во Астана во втората половина на јануари идната година.
Турските медиуми јавија дека Турција и Русија усогласиле план за сеопфатно примирје во Сирија, што предвидува прекин на воените дејствија. Планот треба да важи за сите региони во Сирија каде се водат борби меѓу владините сили и групите на вооружената опозиција, но не и за судирите со „терористичките организации“, како групата Исламска држава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
