Балкан
1. July 2016 - 13:43

Чавушоглу: Турција и Русија треба да работат заедно за политичко решение на кризата во Сирија

Турција и Русија треба да работат заедно за политичко решение на кризата во Сирија, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Тој го нагласи тоа по средба денеска со рускиот колега Сергеј Лавров во Сочи.

- Анкара се бори директно со Исламска држава. Ете зошто е Турција цел на терористи, истакна Чавушоглу.

Според него, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин можно е да имаат средба во Сочи во август.