Балкан
19. December 2016 - 18:42

Чавушоглу: Околу 20.000 лица се евакуирани од источниот дел на Алепо

Околу 20.000 лица досега се евакуирани од источниот дел на сирискиот град Алепо и продолжуваат напорите за извлекување на уште луѓе од градот, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Претходно денеска Чавушоглу истакна дека од градот се евакуирани 12.000 луѓе.

Десетици автобуси, со кои се пренесуваат илјадници луѓе од Алепо, пристигнаа во реони контролирани од опозицијата, западно од градот, наведуваат претставници на ОН и на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Одлуката за евакуација беше донесена во рамки на преговорите меѓу Русија, кој е главен поддржувач на сирискиот претседател Башар ал Асад, и Турција, која поддржува некои бунтовнички групи.