Македонија
23. July 2016 - 12:59

Чавков:Измените на Законот за внатрешни работи не се за дневно-партиски цели

Измените на Законот за внатрешни работи и за полиција не се донесени за дневно-партиски цели, туку се работи за системски решенија, законски решенија насочени кон зајакнување на институционалните капацитети на МВР, односно вопоставување  и развивање стабилна организациска структура која нема да биде зависна само од тоа кој е министер за внатрешни работи.

Ова го изјави министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на показната вежба на СВР Охрид.

Шпекулациите дека тие измени се насочени кон врзување на рацете на министерот и ограничување на неговите овластувања, Чавков рече дека се апсолутно неточни.

- За жал токму тоа беше оспорено. Одложено е дејството на Законот за внатрешни работи и за полиција, но се работи за европски стандарди, на линија на стратегијата за развој на МВР и полицијата која е донесена во рамки на проект реализран заедно со претставници на Европската комисија, истакна министерот.

Станува збор, како што појасни, за системски измени преку кои ниту едно од овластувањата на министерот за внатрешни работи не се доведува во прашање и дека тој останува неприкосновен во спроведувањето на раководната функција.

- Прашањето е околу утврдување на организацијата и структурата со уредба што ја носи Владата. Такви уредба и подзаконски прописи се носат во секоја европска држава, донесени се преку компаративни анализи и во Хрватска, Словенија, Австрија поради потребата од стабилност во организациската структура што нема да биде менувана за дневно-политички цели, додека истовремено измените во делот на системот на кариера, претставува гаранција за обезбедување правна сигурност на вработените во МВР. Тоа сакавме да го зајакнеме поради примерите на злоупотреба на тие законски прописи. И тука станува збор за системско решение етаблирано во развиените држави. Законот само се одлага, тие ќе се имплементираат во иднина независно кој ќе дојде на власт, нагласи Чавков.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тврдењата за скршена нога на еден од обвинетите за Куманово, Чавков рече дека тоа е една од многуте шпекулации и контрукции насочени кон наштетување на репутациајта на МВР.

- Знаеме од кои извори се генерираат и ги знаеме намерите. Ние независно конструкциите преземаме максимални мерки за безбедност и со сите сили ќе ги обезбедуваме сите рочишта поврзани со тој судски процес. Навистина е чувствително тоа прашање, имаме информации и ризици за различни активности поврзани со организација на бегство и опструирање на судскиот процес, истакна министерот.

Тој потенцира дека независно на конструкциите ќе продолжат професионално да ги извршуваме своите задачи поврзани за обезбедувањето. - Преземени се безбедносни мерки, со снимање на целиот процес од преземањето на обвинетите од притвор до судовите и потоа назад во затвор, така што ниту теоретски не е можна злупотреба на позицијата, нагласи министерот Чавков.