Македонија
13. April 2021 - 18:32

Чавков итно пренесен во приватна болница во Скопје

Осудено лице на издржување затворска казна од вчера е хоспитализирано во модуларната болница на штипска клиничка, каде добивал постојана кислородна поддршка, а откако состојбата му се влошила, попладнево е пренесен на лекување во приватна болница во Скопје. Првиот човек на затворот, Мики Тодоров, информира дека се работи за Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност. 

- Меѓу осудените лица позитивни на Ковид-19 се и Митко Пешов, поранешен раководител на одделот за посебни единици во полицијата и Никола Митревски – Кољо и двајцата осудени на затворски казни за учество во настаните во Собранието од 27-ми април.

Потврдени се уште двајца затвореници позитивни на Ковид-19. Со тоа вкупниот број на осудени лица со коронавирус има 7, а 13 осуденици од истиот оддел се изолирани. Инфицирани со корона вирусот се и тројца вработени во Казнено поправниот дом.