Македонија
30. January 2020 - 11:38

Чанта Луј Витон одземена од домот на Јанева

Аголна гарнитура, две фотељи, дрвена клуб маса, кожна чанта Луј Витон се дел од одземените предмети од домот на поранешната специјална обвинителка откако минатото лето беше осомничена во случајот Рекет.

Од домот на Јанева на улицата Стрезова, бил одземен и мобилен телефон, лап топ, две USB. Со претресот била опфатена и канцеларијата на Јанева во СЈО. Од таму биле одземени лап топ, ДВД рекордер, два надворешни хард дискови, 9 USB, документи за истрага, отпусно писмо за болничко лекување како и фискална сметка за истото.

Инаку во доказите за предметот Рекет се и снимките кои ги објави италијанскиот медиум.

Зоран Јаневски