Чакаровски и Шерифовски ќе ги бранат боите на Македонија на ЕП во џудо
Македонија ќе настапи со двајца џудисти на Европското џудо првенство во Софија, Бугарија, кое почнува на 29 април и ќе трае до 1 мај.
Боите на Македонија ќе ги бранат Андреј Чакаровски (-90 кг) и Еди Шерифовски (81 кг).
На Европското првенство ќе настапат 362 натпреварувачи, 207 во машка конкуренција и 155 во женска, од 40 држави.
Нашата делегацијата ќе ја предводат претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски и селекторот Горан Мицкоски. Нашите спортисти ќе настапат во сабота 30.04. и недела 01.05.
Покрај настапот на спортистите претседстелот на ЏФМ Трпаноски на покана на претседстелот на Европската џудо унија Ото Кнеитингер, ќе остварат работен состанок во врска со стратешко планирање за развој на џудото во Македонија, како и организација на некое од големите европски натпревари во нашата земја.
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Детска болница Козле доби вода
-
Инвазија на Кратери во Скопје
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени