Централен регистар: Не се прикриваат и уништуваат документи, соработуваме со СЈО

Централниот регистар денеска ги демантираше информаците за било какво прикривање, затајување или уништување на документацијата за податоците од регистрите со кои раководи.
Во соопштението испратено од оваа институција се наведува дека е небулозно тврдењето оти податоци од Централниот регистар воопшто можат да бидат уништени бидејќи базите се водат електронски на повеќе локации, а секоја промена во регистрите, електронски се доставува и до бројни институции.
- Во досегашното постоење и успешно работење на оваа институција не се памети ваков напад и нарушување на угледот на Централниот регистар. Напротив, Централниот регистар со години наназад е рангиран како најдобра институција во Република Македонија според најригорозни методологии и на прво место во Европа и второ место во светот според Светската банка, се вели во соопштението.
Во врска со барањето на Специјалното јавно обвинителство за доставување на документација, Централниот регистар појаснува дека во законски утврдениот рок е одговорено на дописот од СЈО и побарано е прецизирање на барањето.
- Наместо да достави појаснување, СЈО приложи судска наредба за привремено одземање на списи од одговорното лице на Централниот регистар. Во наредбата од судот, СЈО, сепак, го формулирало барањето согласно насоките од Централниот регистар. За тоа дека не се случило никакво уништување на документација сведочи фактот што СЈО на лице место утврди дека документите постојат во целост и дека ниеден документ не е уништен, а дел од бараните податоци им беа предадени, додека останите ќе бидат предадени согласно заемно договорена динамика според потребите на СЈО во периодот што следи, наведува Централниот регистар во соопштението.
Оттаму истакнуваат дека на СЈО на 11.12.2015 година му е овозможен неограничен пристап до базите на податоци на Централниот регистар по електронски пат и оти притоа не е пријавен никаков проблем при користење на системот од нивна страна.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
