Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе го прослави вториот роденден
Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ со дводневна културна програма денеска и утре ќе одбележи две години постоење.
Вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Тито во Африка – слики на солидарноста” која доаѓа од Музејот на Југославија во Белград, а утревечер од 22 часот „Јавна соба“ за својот втор роденден ќе организира забава со настап на Грамофонџије од Белград, Кирил Кузманов џез-ансамбл и диџеите Алек Солтиров и Давор Палиќ.
- Овој викенд сите генерации, помлади и постари, ќе можат да се присетат како некогаш се живееше во земја со дигнитет, љубов, рамноправност, слога и солидарност, како е да бидеш дел од една високореспектирана заедница во меѓународни рамки, како беше да бидеш Југословен. Фотографиите побудуваат емоции, нѐ враќаат во едно убаво време и поттикнуваат и денес да се бориме за едно такво убаво и стабилно општество. Скопје како град на солидарноста, целосно заслужува да биде прв домаќин на патувањето на оваа голема изложба во бившојугословенските градови, соопшти „Јавна соба“.
Изложбата „Тито во Африка – слики на солидарноста” ќе може да се посети до 20 ноември. Влезот за настаните е слободен двата дена.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење
-
25 години ДЗР