„Центарците“ на ВМРО-ДПМНЕ со хуманитарна акција за настраданите семејства
Во просториите на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ вчера се одржа хуманитарна акција во која граѓаните на општина Центар донираа вода, сокови, храна и средства за лична хигиена за настраданите семејства во поплавите што викендов го зафатија Скопје, каде животот го изгубија 21 лице а над 70-мина се повредени.
-Задоволни сме од одѕивот на граѓаните. За само четири часа собравме над 150 пакети вода, конзервирана храна, неколку десетици пакувања влажни марамчиња, пелени, дезинфекциски средства итн… Се надеваме дека со овој интензитет граѓаните ќе донираат и во деновите што следуваат, велат од ОК Центар.
Денешната донација се додели на поплавените домови на жителите од центарската населба Кале.
Оваа акција е предвидено да се одржува секој ден до крајот на неделата, а доколку постои потреба ќе продолжи и во наредниот период.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница