Центар Жупа ќе ја добие првата спортска сала

Во завршна фаза се работите околу изградбата на спортската сала во Центар Жупа и доколку се оди според планираната динамика надлежните институциите очекуваат набрзо да биде пуштена во употреба.
Салата е во непосредна близина на деветолетката „Мустафа Ќемал Ататурк“ во чиј двор, со забрзана динамика, се одвиваат и работите околу изградбата на комплексот отворени спортски терени.
- Благодарение на подршката од Владата, преку Министерството за образование и наука, првпат нашата општина добива голема спортска сала, што е од големо значење бидејќи сите спортски, културни и други манифестации во иднина ќе се одржуваат тука, изјави Ариан Ибраим, градоначалник на општина Центар Жупа.
Инвестицијата за изградбата на објектот е 330 илјади евра. Салата ќе има 300 седишта, соблекувални, како и сите други потребни простории кои треба да ги има еден ваков објект.
Комплексот отворени спортски терени за мал фудбал, кошарка, одбојка и ракомет исто така се со капацитет од 300 седишта, зафаќаат површина од 2.500 квадратни метри. Ќе бидат инвестирани над 70 илјади евра, средства исто така, добиени од МОН.
Ново на Сител
-

Министерство за економија и труд: Повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции
-

Струшката полиција откри три бразилки и една девојка од Перу со незаконски престој во земјава
-

Додека бил на работа запалил службени материјали во метално буре, кривична за инспектор од Македонска Каменица
-

Четири лица нападнале 61-годишен маж и неговиот внук, едно лице од нив испукало со пиштол во воздух
-

ДНК-анализа: Хитлер имал генетски нарушувања што влијаеле на неговите гениталии
-

Украина и САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи
-

38-годишен скопјанец управувајќи велосипед удрил во пешак на бул.„Партизански Одреди“
-

Кремљ и испрати порака на Украина:Колку повеќе чекате, ќе ви биде потешко
