Македонија
11. January 2023 - 12:13

Центар за активно стареење во Босилово

Возрасните лица од општина Босилово добиваат центар за активно стареење. Се работи за проект преку кој тие ќе имаат можност за поголем број социјални активности. 

Центарот се реализира со поддршка на Министерството за труд и социјална полтика и во партнерство на општинската организација на Црвен Крст. Проектот чини 2 милиони и 800 000 денари, средства обезбедени преку Светска Банка.

Од општина Босилово велат дека реализацијата на овој проект доаѓа како резултат на податоците кои покажуваат пораст на бројот на повозрасни граѓани од кои голем дел живеат сами. Центарот треба да овозможи унапредување и подобрување на квалитеот на нивниот социјален живот.

Освен отворањето на дневниот центар за активно стареење, во партнерство со ресорното министерство и црвениот крст општината се вклучува и во проектот Нега и помош во домот. Преку него старите и изнемоштени лица ќе добијат лиценциран негувател кој секојдневно ќе им помага во извршувањето на секојдневните активности.

Центарот за активно стареење треба да започне со работа во јуни, додека за проектот кој се однесува на нега во домот заинтересираните граѓани веќе може да ги поднесуваат нивните апликации до црвениот крст.