Бизнис
8. January 2021 - 17:27

Цените на храната во 2020 година поскапи за 2,6% во споредба со 2019 година

Поскап леб, месо, млеко, јајца, сирење...во 2020 година храната чинела повеќе споредено со 2019. Според податоците на државната статистика, трошоците за храна лани биле за 2,6% поголеми споредено со 2019.  Најголем скок бележат трошоците за масло и масти од 11%. Следи овошјето со речиси 10%. Лани само зеленчукот бил поевтин споредено со 2019 година.

Трошоците за храна растат секаде во светот. Според податоците на Агенцијата за храна при ООН, ФАО, трендот почнал пред седум месеци. И глобално маслото поскапело најмногу за 19%. Следни на листата со највисок скок се житарките. Најголем пораст има кај цената на пченицата од дури 6,6%. Ова се должи на лошите изгледи за следната жетва во Северна и Јужна Америка како и во Русија. Москва веќе воведе и извозни давачки за житото да остане на домашниот пазар.

Сето ова ќе предвизика поскапување на лебот и кај нас. Мелничарите велат дека намалена е побарувачката, цените се повисоки, проблемот со евтиното српско брашно не е решен, затоа вените ќе мора да растат.

Освен храната, во годината која ја одбележаа карантините поскап бил и алкохолот и цигарите. За оваа група производи трошоците се зголемени за над 5%.