Џет-Сет
9. March 2018 - 23:39

Целулит и стомак: Вака денес изгледа актерката од „Вовед во анатомија“

Актерката Кетрин Хајгл(39) се прослави со улогата на шармантната докторка во серијата „Вовед во анатомија“, каде беше еден од омилените ликови.
 
Гледачите беа разочарани кога во 2010 година таа го прекина договорот со „АБЦ“, бидејќи имала премалку време за семејството.
 
Меѓутоа, набрзо се покаја поради одлуката и посака да се врати на серијата.
 
Инаку, Кетрин од 2007 година е во брак со Џош Кели, со кој има две посвоени ќерки, а во јануари 2017 година го доби своето прво биолошко дете.
Актерката ужива во улогата на родител, а неодамна е уловена како го минува времето на плажа со девојчињата.
Очигледно е дека качила некој килограм повеќе, но и понатаму ја има онаа препознатлива насмевка и природна убавина со која плени.