Џет-Сет
14. January 2018 - 19:01

Цеца предизвика бура со оваа фотографија на Инстаграм: Ова е мојот ѕвер!

Цеца Ражнатовиќ ги воодушеви своите фанови на Инстаграм со фотографија на која позира со својата ѕверка.

Иако повеќето нејзини фанови за момент помислија дека во прашање е маж, фолк дивата со една порака ги разувери.

„Во недостаток на поголеми, си играм со мали ѕверови. Мојот Симба и јас“, напиша во описот на фотографијата која за неколку часа собра над 20.000 лајкови.

Фановите толку беа воодушевни што и оставаа коментари како „Најсладок“, „Преслатко“, а некои наведоа дека тигар поубаво и стои.