Џет-Сет
20. December 2016 - 20:30

Цеца на својата слава исполни желби: Фановите ја чекаа пред куќата, а еве што направи таа за нив

Светлана Цеца Ражњатовиќ вчера ја обележи семејната слава Свети Никола во друштво со најблиските пријатели и семејството. Меѓутоа, ни тој ден не помина без нејзините верни фанови кои пејачката ги пречека пред нејзината вила со подароци. 

Цеца на најубав начин ги испочитувала, излегла, се поздравила со сите нив и се сликала, а потоа открила и неколку детали во врска со семејната слава. 

- Секогаш сум среќна на овој ден. Срцето ми е полно кога семејството ми на куп, а тука се и нашите пријатели кои секогаш се добре дојдени во нашиот дом. Кога станува збор за организацијата најмногу се потруди мојата сестра Лидија. Љубовта ме грее од сите страни, но не е онаа на која вие целите, рекла Цеца. 

Пејачката открила дека го почитува секој пост, но со што тогаш се храни. 

- Ги постам сите 4 поста. Воглавно јадам некоја салата, не сум некој љубител на морски плодови, но повеќе сакам плодови од торта, открила пејачката низ насмевка.