Цеца денеска слави роденден, ќе го помине на Кипар со младото момче
Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска полни 43 години но и натаму важи за една од најфаталните жени на естрадата.
Фолк дивата роденденот ќе го прослави на Кипар со момчето, манекенот Александар Јововиќ (27). Откако пред неколку недели организираше гала забава за 18. роденден на својата ќерка Анастасија со 500 гости, одлучи својот роденден да го прослави интимно, со своето момче. Дури и повеќето нејзини блиски пријатели не знаеја дека фаталната убавица заминала од Белград.
-Не знам зошто луѓето мислат дека сум некоја „фам фатал“, кога водам мирен и повлечен живот. Не излегувам, не се забавувам, околу мене нема орда мажи и удварачи, раскажува Цеца.
Меѓутоа, не може да негира дека добива љубовни пораки на социјалните мрежи и дека мажи на домашна адреса по настапите и испраќаат огромни букети цвеќе.
-Точно е дека обожавателите ме опсипуваат со неверојатно внимание. Мислам дека секоја жена би се чувствувала посакувано, атрактивно и привлечено да добие толку комплименти колку што јас добивам. Би лажела ако речам дека поради сета таа љубов што ми ја даваат и со 43 години не се чувстувам привлечно, вели Цеца.
Сепак истакна дека не ја користи својата моќ над мажите:
-Не сум јас некоја што кокетира. Не можам да флертувам и ја користам таа, како што ја нарекувате, моќ над мажите. Несум ни свесна дека ја имам. Можеби им е тешко на луѓето да поверуваат зошто јас сум постојано на телевизија, но во суштина сум многу срамежлива личност, открива Цеца Ражнатовиќ.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата