Џет-Сет
8. August 2018 - 12:01

Цеца без шминка и во бањарка: Пејачката каква што никогаш досега не сте ја виделе, ја преплавија со коментари

Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ во петтата деценија може да се пофали со завидна фигура и младешки изглед.

Токму од таа причина пејачката нема проблем да покаже како изгледа и во опуштено издание во своите четири ѕида. Овој пат закачи на Инстаграм стори фотографија од хотелска соба на која позира во баде мантил, а на кој нејзините секси нозе доаѓаат до израз.

Исто така, на фановите не им избега ни тоа што музичката ѕвезда објави фотографија без трошка шминка, како ни тоа што персоналот од хотелот ја пречека со шампањ и со разновидно овошје.