Македонија
4. October 2021 - 16:49

Царовска уверува дека тестирањето ќе помогне за побезбедна настава, дел од родителите се спротиставија на скринингот

Од почетокот на учебната година до сега регистрирани се 0.28 проценти позитивни случаи на ученици. Овој процент е многу мал според податоците со кои располага министерството за образование но скринингот ќе се прави превентивно. Тестирањето на учениците според министериката е за да се обезбеди безбедна настава и да продолжи во  контиунитет со физичко присуство.

Од иницијативата настава и ученици мора да има се спротиставуваат на скринингот на здрави деца. Според нив доколку нема трансмисија помеѓу учениците како што тврди министерката тогаш нема ниту  потреба од тестирање.

Револтирнаи од образовната реформа, од иницијативата обвинуваат дека наместо учебници нивните деца добиле материјали за учење. Спровеле истражување а одговори добиле од само 88 училишта од вкупно 343 во државата.

-1.263 ученици од четврто одделение добиле материјали за учење, министерството доставиле само 860 таблети од кои 581 се обезбедени од локалната самоуправа, 17 училишта немаат смарт табли  а 8 никаква ИТ технологија, две училишта немаат интернет и две се реновираат.

Од граѓанската иницијатива поднеле претставка до народниот правобранител и до антикорупциска бидејќи сметаат дека се прекршени повеќе закони. Министерката истакна дека реформите предвидуваат дигитално следење на наставните содржини но испечатиле 20 проценти и ги доставиле во училиштата. За дигиталните уреди Царовска вели се од највисок интерес да се користат а сите локални самоуправи кои немаат можност да снадбат да се обратат до МОН.