Царовска: Училишна матура и стручен испит се избори за оние кои не сакаат да полагаат државна матура
Државната матура е изборна и оние кои не сакаат да ја полагаат, имаат можност да изберат училишна матура или стручен испит, и може да полагаат токму тоа што го бараат – два предмета и проектна задача – го повтори и денеска ставот министерката за образование и наука Мила Царовска во однос на барањето на Средношколски сојуз за измени на концептот за полагање на завршниот испит односно наместо четири да полагаат два предмета.
– Матурата е законска обврска за оние кои сакаат да продолжат во високото образование во државата или надвор од неа. Средното образование е задолжително, а државната матура е изборна. За неа се имаат пријавено повеќе од 14 илјади ученици во соодветниот рок – и проектна задача и изборни предмети, рече Царовска и, според неа, тоа укажува дека тие веројатно и ќе полагаат, а тоа е и бројот на ученици кои го завршуваат средното образование.
Нагласи дека МОН има законска обврска да им го овозможи правото на средношколците кои сакаат да полагаат државна матура, а другите имаат уште два избора да го заокружат своето средно образование.
Министерката рече дека слушнала оти има сајбер-насилство меѓу врсници и притисоци за влегување во боојкот и ги повика училиштата, а и родителите да поразговараат со своите деца ако трпат таков вид насилство.
Во однос на нацрт-концепцијата, за која и денеска имаше средба со претставници на граѓански организации, Царовска соопшти дека досега имале 30-ина забелешки по електронска пошта, во јавноста има, рече, и отворени писма, и дека конструктивните коментари ќе бидат земени предвид,
Дебатата би требало да трае до средината на февруари, кога ќе се заокружат сите коментари за, како што рече министрката, да се влезе во интензивна подготовка на наставни програми и наставни материјали.
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор