Македонија
20. September 2021 - 19:53

Царовска: Наставата не е нужно поврзана со учебник

Учебникот е само едно наставно средство и помагало и наставата не е нужно поврзана со него, истакна во Тема на денот на Сител Телевизија, министерката за образование и наука Мила Царовска.

- Тоа сакаме да го укажеме во континуитет. Дека учебникот е само едно наставно средство или помагало. Меѓутоа треба да имаме и енциклопедии и друг тип на заедничка активност помеѓу учениците, интеракција помеѓу наставникот и учебникот - сето тоа е учење, и токму затоа сакаме и во новата концепција да поттикнеме да не се користи стриктен распоред. Најважно е да ги постигнеме излезните резултати од учење а не да се држиме во дадени формати и секое дете да се трудиме да го ставаме во калап и да му предаваме учебник. Ние треба да постигнеме резултати на учење преку користење на многу поголем број на средства или методи кои што ќе може да ги примени еден наставник, рече Царовска.