Царовска: Најдобро е училиштата да останат отворени
Министерството за образование и наука е во постојана координација со Министетството за здравство и Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија. Тие ја преоценуваат состојбата и на располагање стојат другите сценарија, изјави министерката Мила Царовска на прашањето дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари кога учениците треба да го почнат второто полугодие.
Нагласи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство затоа што, рече, училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, а тоа е препорака не само на наши образовни експерти, туку и на меѓународни организации како Светска банка и УНИЦЕФ.
Потсети дека уште летото се испланирани три сценарија за реализација на учебната година и дека првото и најпосакувано – настава со физичко присуство се применува се додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.
-Покажавме дека во првото полугодие учениците успешно следеа настава со физичко присуство, немаше поголем број заразени од 0,2 проценти вкупно активни на целата територија на државата од 255 илјади ученици со физичко присуство, а на дневно ниво немаше поголем процент од 0,03. Тоа укажуваше на стабилност на состојбата и затоа успешно го завршивме првото полугодие, додаде Царовска одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на изградба на основно училиште во Визбегово.
Ново на Сител
-

Без струја делови од неколку скопски општини
-

Украински напад врз рускиот град Новоросијск, погодени брод и складиште за нафта
-

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Во Владата прес-конференција на министерот за здравство и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-

МФ ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова
-

Вучиќ: Верувам дека односите меѓу Србија и Франција се посилни денес од кога било во поновата историја
-

ЕУ планира воведување царини за нарачките преку Тему, Шеин и АлиЕкспрес
-

Од 2033 година Белгија ги укинува хартиените возачки дозволи
