Царинските службеници запленија техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани трансформатори за светилки, цигари, електронски цигари, лековити билки, опрема за потстрижување, производи за нега на коса, лепенки и патенти за облека и фалсификати, соопшти денеска Царинската управа.
Во соопштението се посочува дека се запленети 144 трансформатори за светилки од 220 волти, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените трансформатори, пронајдени во 4 картонски кутии сместени помеѓу патни торби во кровниот куфер и во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на производитем како што велат од Царината, изнесува околу 50 илјади денари, додека избегнатите давачки се во износ од 18.803 денари.
- Вкупно 355 електронски цигари откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на два автобуси со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, се наведува во соопштението.
Од Царината информираат дека во првиот случај, во куфер, кој според изјавата на возачот бил испратен како пратка од Швајцарија, биле пронајдени 39 кутии со вкупно 260 електронски цигари од марките IREX, VOZOL и ELFBAR. Цигарите се привремено задржани а притв возачот, македонски државјанин, ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на електронските цигари изнесува 90.312 денари, а избегнатите давачки се во износ од 32.7527 денари.
Во вториот случај, како што се додава во соопштението, во два куфери сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени 95 електронски цигари марка Bang-Box dual mesh. Цигарите се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на електронските цигари изнесува 50.692 денари а избегнатите давачки се во износ од 15.637 денари.
- Вкупно 18 штеки цигари MARLBORO без акцизни маркички, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари, пронајдени во фабричка празнина под приколката, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на непријавените цигари изнесува стока изнесува 25.200 денари а избегнатите царински давачки се во износ од 37.189 денари, соопштуваат од Царинската управа.
Во соопштението се посочува дека биле заплченети и 10.645 килограми лековити билки RESTTHARROW ROOT RADIX ONONIDIS, откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.
-При контрола на камионот, кој бил пријавен за транзитна постапка, било забележано дека на приколката недостасува царинската пломба наведена во транзитниот царински документ, а која е пронајдена во кабината на возилото. Согласно законските прписи, привремено се задржани влекачот, приколката и стоката, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка, се наведува во соопштението.
Царинските службеници откриле и опрема за потстрижување и производи за нега на коса, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.
- На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, возачот одговорил негативно. Сепак била извршена детална контрола, при што на горниот кревет во кабината на возилото биле пронајдени 8 машинки за потстрижување, 6 машинки за бричење, 5 фенови, 3 електрични апарати за средување на коса, 20 престилки, 12 четки, 2 пиштило за прскање, 60 пакувања со серум за коса и 24 лосиони за после бричење. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на непријавените производи е проценета на 232.615 денари а избегнатите давачки инесуваат 57.415 денари, се посочува во соопштението.
Од Царината информираат дека се запленети и 198 парчиња термална фолија за печатење со лого на заштитени трговски марки Adidas, Nike, Tommy Hilfiger, Puma, Reebok и Gucci, и 1.000 парчиња патенти и ленти за шиење, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка, се наведува во соопштението.
-Запленети се и 11.842 детски боксерки со лого на заштитени трговски марки, откриени при контрола на камион со турски регистарски таблички, натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Поради основано сомневање дека производите повредуват право од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските проиписи започпната е постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на производите, доколку би се продавале како оригинали, е проценета наоколу 9,5 милиони денари, се наведува во соопштението од Царинската управа.
Ново на Сител
-
Законот за јазици ќе чека до март
-
Ахмети: Отпор ќе има
-
СДСМ: Се враќа Сваровски судството
-
Тајсон: Не се сеќавам на борбата против Пол, дури и не знам зошто го направив тоа
-
Од утре повремени врнежи од дожд, утринските температури значително пониски
-
Одземени записници од Судскиот совет
-
Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината
-
Новиот „крик“ на архитектурата во соседна Бугарија