„Call of Duty: Моbilе“ со рекордни 100 милиони преземања
Видеоиграта „Call of Duty: Моbilе“ во првата седмица од појавувањето на пазарот, се продаде во над 100 милиони преземања на уредите со оперативен систем Андроид или ИОС.
Со ова, мобилната верзија на „Call of Duty“ во таа смисла ги надмина „Фортнајт“ и „ПУБГ“. Освен тоа, според аналитичката компанија Сензор тауер, иако оваа видеоигра е бесплатна за симнување, остварила приход од 10 милиони американски долари, по разни други основи.
– Податоците за преземањето на мобилната видеоигра „Call of Duty“ се импресивни, посебно ако имаме предвид дека играта сѐ уште не е е пуштена во продажба во Кина. Ова е најголемото лансирање на мобилна игра во историјата, во однос на бројот корисници во првата седмица, изјави Ренди Нелсон од Сензор тауер.
Мобилната верзија е производ на кинеската компанија Тенсент холдингс, за издавачката куќа Активижн близард.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители