Македонија
21. February 2021 - 19:44

Бурна ноќ за пазарната инспекција

Четири затворени угостителски објекти ноќеска. Пазарните инспектори до рано утрово контролирале дали се почуваат протоколите за работа и работното време во услови на пандемија. Пломби ставиле на два објекти во Скопје, еден во Скопје Север и еден во Волково каде записникот е потпишан дури во 4 часот утрово. Затврен е еден објект во Прилеп и еден во Македонски брод. Ова што се случувало ноќеска не е исклучок. Напротив инспекторите од Пазарна велат дека буквално секоја вечер водат војни со угостителите.

Работата оди тешко затоа што во услови на пандемија никнаа многу нерегистрирани објекти, некои сместени и во приватни куќи. Со регистрираните е проблем тоа што угостителите преку различни групи се информираат во кој регион има инспектори во моментов и расчистуваат. Во внатрешноста инспекторите заради познанства не можат да затвораат објекти, па скопските инспектори одат и таму. А најголем проблем е што нема доволно инспектори.

Инспекторите синоќа присуствувале и на тепчка во екслузивен скопски локал. Кога пред 21 часот дошле да проверат дали се почитуваат законите биле сведоци на масовна тепачка и исплашени гости кои бегале од локалот. Во случајов интервенирала полицијата.