Бунтовниците нападнаа неколку позиции на сириската армија во Хама
Бунтовнички групи нападнаа денеска неколку позиции на сириската армија во провинцијата Хама.
Според командантот на бунтовниците тоа е најмоќниот напад во регионот по стапувањето во сила на спогодбата за прекин на огнот, пред две недели.
Противречни се информациите за исходот од нападот и за тоа кој точно го изршил.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека нападот бил неуспешен и оти најмалку 20 од напаѓачите, исламисти и странски борци се убиени.
Командантот на Северната дивизија, која дејствува во рамки на Слободната сириска армија, Фарес ал Бајуш, изјави дека нападот бил дело на локални групации како одговор на кршењето на примирјето од страна на режимот на Башар ал Асад и оти две позиции на армијата се преземени.
Сириската државна телевизија јави дека нападот бил извршен од Фронтот Ал Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда и кој е исклучен од спогодбата за прекин на огнот. Според телевизијата, нападот бил спречен и 70 борци се убиени.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер