Свет
6. September 2017 - 9:35

Бунт на затвореници во Америка: Горат згради, одземено оружје

Припадници на повеќе американски безбедносни служби и пожарникарски екипи се ангажирани за гаснење на пожарот и задушување на бунтот на затворениците во местото Нортон во Канзас.

Локалните власти на Твитер напишале дека „големиот бунт“ започнал околу 23 часот по локално време (шест часот утрово по македонско време), дека „горат згради“, а „затворениците одземале оружје“.

Портпаролот на Затворската служба во Канзас, Самир Ариф потврди дека полициски сили и пожарникари тргнале кон затворот, во кој се наоѓаат 835 затвореници.

– Се што можам да кажам е дека имаме сериозна ситуација, истакна Ариф, нагласувајќи дека засега нема повредени во инцидентот.