Свет
21. October 2016 - 18:13

Бундестагот усвои закон за шпионирање на сојузниците на Германија

Парламентот на Германија денеска усвои закон со кој и се овозможува на службата за надворешно разузнавање да ги шпионира институциите на Европската унија. 

Законот беше усвоен со гласовите од партиите на владејачката коалиција и социјалдемокртите, а „против“ гласаа опозициските пратеници од Левите и од Зелените.

Законот предвидува формирање тричлено независна комисија, составена од двајца судии и еден федерален обвинител, кој ќе ги надгледуваат акциите на Федералната разузнавачка служба (БНД). Согласно новите правила, глерманскиот канцелар ќе треба да и издаде одобрение на БНД за следење на меѓународние телекомуникации.

Законот забранува економски и индустриска шпионажа во корист на германские компании. Тој предвидува уште позасилена парламентарна контрола врз разузнавачките служби, чии шефови еднаш годишно ќе треба да дадат јавен отчет пред Бундестагот.