Фудбал
28. November 2015 - 19:50

Бундес лига: Борусија (М) избегна пораз

Фудбалерите на Баерн Минхен ја запишаа 13-та победа во Бундеслигата, откако во 14.коло славеа над Херта (2:0). Саботните дуели од ова коло го одбележа мечот Хофенхајм-Менхенгалдбах (3:3).
 
Актуелниот германски шампион рутински се справи со Херта, без многу напор славше со головите на Милер и Коман.
 
Хофенхајм против Менхенгладбах имаше предност од 3:1 до 86 минута кога за две минути Џонсон и Дрмиќ му донесоа израмнување на гостите.
 
Најубедливата победа ја запиша Хановер, 4:0 во дуелот со Инголштад, а Мајнс беше подобар од Ајнтрахт со 2:1.
 
Единствената победа на гостински терен ја забележа Хамбургер, 3:1 во Бремен над Вердер.  
 
Ова коло во Бундеслигата, в недела, ќе биде комплетирано со одигрувањето на натпреварите: Дортмунд-Штутгарт, Баер Леверкузен-Шалке и Аугзбург-Волфсбург.