Loading Video...
Балкан
12. August 2021 - 16:35

Бугарските пратеници донесоа одлука дека е неуспешен обидот за формирање влада на Пламен Николов

Бугарските пратеници, од втор обид, денеска ја донесоа одлуката дека не успеа обидот за формирање влада на Пламен Николов од партијата „Има таков народ”.

Бугарскиот претседател Румен Радев сега може да ја продолжи постапката и да го додели мандатот на второрангираната партија на ГЕРБ на екс премиерот Бојко Борисов, кој веќе изјави дека ќе се откаже од постапката за формирање нова Влада.

Третиот мандат најверојатно би отишол кај социјалистите, но според аналитичарите тие нема да успеат да обезбедат поддршка од другите партии, што отвора пат за нови парламентрани избори.

59.000 хектари шума на островот Евија се спржени, а уништени се и огромни плантажи со маслини, смокви и лозје се во пожарите во Грција. Премиерот Мицотакис ова го оцени како најголема еколошка катастрофа во земјата, но предупреди дека иако ситуацијата е делумно под контрола, опасноста од нови огнови постои. Засега се уште се активни пожарите на Пелопонез, каде во опасност се и неколку села. Во гасење помагаат и странците, на терен се чешките, германските, австриските и српски противпожарни тимови.

Рекордно висока температура од 48, 8 степени целизусови е регистирана во Сиракуза, на Сицилија. Тоа е највисока температура досега измерена во Европа. Досегашниот рекорд го држеше Атина во 1977 година кога живата се искачи на 48 степени. Експертите објаснуваат дека толку виоските темепратури на Сицилија се должат на воздушната струја која доага од Сахара. 

Руски хеликоптер со 16 туристи се урнал во Курилското Езеро на Камчатка. Осум лица загинале во несреќата, две се тешко поведени. Леталото било во приватна сопственост на рускиот милионер и пратеник Игор Редкин. Воздухопловните власти соопштија дека хеликоптерот бил исправен, но дека временските услови при атерирањето биле лоши, а поради маглата немало прегледност.