Loading Video...
Балкан
27. јуни 2018 - 18:04

Бугарскиот премиер Бојко Борисов распали по грчките медиуми

Бугарскиот премиер ги расипа односите со грчките, но и со бугарските медиуми. Се започна со емотивната реакција на Борисов откако грчките новинари објавија дека тој си купил остров во Грција.

Изјавата на Борисов не ги разувери бугарските новинари, кои веднаш се закачија за приказната. Телевизијата Нова најави и дебатна емисија на темата, но таа веднаш беше тргната од програма. Јавноста ја обвини владата на Борисов за цензура, а тој пред почетокот на владината седница директно се обрати до новинарите со барање да ја истражат вистината.

По симнувањето на емисијата, бугарската Нова им се извини на гледачите, со образложение дека раководството на телевизијата одлучило да не ја емитува емисијата бидејќи не одговара критериумоте на објективното новинарство.