Балкан
13. July 2016 - 13:57

Бугарската Влада усвои Национална стратегија за кибер безбедност

Бугарската Влада денеска усвои Национална стратегија за кибер безбедност, насловена „Кибер одржлива Бугарија 2020“, јави БТА.

Како што соопшти владиниот Прес-центар, со Стратагијата се предвидува создавање на Совет за кибер одржливост при бугарската Влада, кој ќе ја утврдува позицијата на Бугарија пред меѓинародните инстуитуции и организации за прашања поврзани со кибер безбедноста. 

Советот за кибер одржливост ќе ги следи тенденциите и развојот на заканите и методите за спротивставување и во случај на потреба ќе доставува предлози со решенија до Советот за безбедност на Владата, се наведува во соопштението. 

Во документот се додава и дека бугарската Влада планира да именува и национален кординатор задолжен за спорведување на Акцискиот план за кибер безбедност.