Балкан
23. December 2016 - 13:42

Бугарската полиција заполени 40 килограми хероин

 Бугарската полиција во акција во град Јамбол и во селото Радовец заплени околу 40 килограми хероин, соопшти денеска на прес-конференција претставникот на Министерство за внатрешни работи на Бугарија, Љубомир Петров.

Како што јави БТА, во акцијата се приведени четири лица под обвинение за поседување и распространување наркотици во големи размери.

Во Јамбол бил уапсен еден од обвинените во момент кога се обидувал да продаде пет килограми хероин за 100.000 лева (речиси 50.000 евра). Потоа, трагите воделе до приватна куќа во селото Радовец, каде е откриен и остатокот од дрогата.

Хероинот е 60 проценти чист и неговата вкупна вредност се проценува на околу два милиона лева (милион евра).