Балкан
15. March 2020 - 12:17

Бугарија: Владата со награда од 500 евра за сите медицински лица кои се борат против коронавирусот

Бугарската Влада ќе додели по 1.000 лева (500 евра) месечно дополнителен надоместок за сите медицински лица кои се борат против коронавирусот во Бугарија во моментов. Тоа го најави премиерот Бојко Борисов по вонредната средба со претседателот Румен Радев и шефот на Националниот оперативен штаб, генерал-мајор Венцислав Мутафчијски.

– Најитно е да можеме да ги заштитиме лекарите, медицинските сестри, лаборантите, болничарите. Разговаравме и денеска или утре ќе објавиме по 1.000 лева по медицинско лице“, најави премиерот.

Тој прецизираше дека Владата треба да постапи со претпазливост за следните мерки и дека државните резерви во моментот многу внимателно се следат.