Бугарија поради коронавирусот ги одложува подготовките за влез во еврозоната
Бугарија, поради глобалната криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, ќе ја одложи подготвителната фаза за влез во еврозоната до 2021 година, изјави гувернерот на Бугарската народна банка, Димитар Радев.
Бугарија спаѓа меѓу најсиромашните, но и најмалку задолжените членки на ЕУ и очекуваше во јули да влезе во двегодишниот Европски механизан за девизен курс II (ЕРМ-2) и во европската банкарска унија.
– Предвидените рокови за влез во банкарската унија и за учество во Европскиот механизам за девизен курс веќе не се реални, истакна бугарскиот гувернер.
Тој нагласи дека „работата нема да прекине и ќе продолжи како досега, и покрај моментно тешката и сложена ситуација“, додавајќи дека одложувањето до 2021 година нема да биде фатално.
Притоа, Бугарија не би требало да ја повтори грешката од глобалната финансиска криза во 2009 година и да го одложи влезот во ЕРМ-2 и банкарската унија до новиот циклус, што може да трае и повеќе од десет години.
– Не треба да ја повториме таа грешка, бидејќи трошоците за луѓето и за компаниите овојпат би биле многу поголеми, истакна Радев.
Владата во Софија и народната банка оваа недела ќе претстават нови мерки за спречување на последиците од здравствената криза, вклучувајќи можност за ново задолжување на државата и одложено плаќање на ратите за кредитите на граѓаните и компаниите.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски