Балкан
19. March 2017 - 9:05

Бугарија подготвена да ја заштити границата со Турција

Бугарија соопшти дека е подготвена да ги зајакне патролите и да заврши со оградата долж југоисточната граница со Турција во обид да  задржи евентуален нов прилив мигранти.

– Подготвени сме да ја заштитиме границата на државата на начин што е овозможен со закон, изјави бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев за време на посета на пограничниот град Мало Трново.

Тој додаде дека уште 24 км заштитна ограда ќе бидат готови до крајот на мај и оти уште стотици полицајци и 200 војници се испратени во патроли долж границата.

Бугарија е разочарана поради отворената поддршка што Турција и ја дава на патријата на турското малцинство во таа држава, а кои првпат учествуваат на избори во Бугарија. Во минатата година Бугарија подигна ограда со бодликава жица во должина од 200 км за да спречи евентуален нов прилив на сириски, авганистански и други мигранти.