Бугарија: ГЕРБ побара оставка од Централната изборна комисија
Бугарската политичка партија ГЕРБ побара оставка од Централната изборна комисија на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Причината за ова е организирањето на парламентарните избори во странство. Ова го соопшти на брифинг лидерот на партијата Бојко Борисов.
Според другиот учесник на брифингот, Георг Георгиев, најголема изборна измама е она што се случи со гласањето на изборите во странство. Според него, бугарските гласачи во странство биле измамени. Тој посочи дека за првпат упатствата за гласање во странство биле дадени само во петокот – два дена пред денот на изборите. Според него, овие луѓе се должни да преземат одговорност за хаосот. Постои ризик, според Георгиев, кој беше поранешен заменик-министер за надворешни работи на Бугарија, нивниот глас да не биде земен во предвид.
На прес конференцијата Борисов објави дека добил повик да се јави на распит во полиција поради како што нагласи „исчезнати докази”. Лидеротна ГЕРБ рече дека најверојатно тоа е за случај од 2010 година поврзан со поранешниот министер за земјоделие Мирослав Најденов.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс