Буенос Аирес забрани фестивали на електронска музика
Властите на главниот град на Аргентина Буенос Аирес забранија одржување на фестивали на електронска музика во градот поради конзумирање на дрога на таквите настани.
Градоначалникот на Буенос Аирес Хорацио Родригез Ларета изјави дека забраната ќе биде во сила се додека не се донесе законска рамка која ќе ја регулира употребата на дрога на фестивалите.
Оваа одлука е донесена откако пет лица починаа од предозирање од дрога на фестивалот на електронска музика „Time Warp‟ одржан во петокот на 15 април. Четири лица, од исти причини се хоспитализирани и се наоѓаат во тешка состојба. Посетителите на фестивалот на полицијата потврдиле дека на тој фестивал била достапна дрога, екстази, LDS, марихуана и кокаин. По затворањето на фестивалот биле уапсени пет лица.
Ново на Сител
-
Царовска: Училишна матура и стручен испит се избори за оние кои не сакаат да полагаат државна матура
-
Забрана за движење на тешки моторни возила на патот Крива Паланка – ГП „Деве Баир“
-
Кина ја забрзува процедурата за извоз на нејзините вакцини против Ковид-19
-
АСОМ: Предлог измените на Законот за игри на среќа се противправни на веќе издадените лиценци
-
Тренерот по џудо осомничен за вршење полови дејствија на девојчиња побарал полиграфско тестирање
-
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 25 пациенти, а вкупно се лекуваaт 274 болни
-
Аркуманеас: Веројатно постои ширење во Грција на новиот вид на коронавирусот
-
Докторите од „8 Септември“ на протест: Нашиот труд во борбата со Ковид-19 не е ценет