Бизнис
11. November 2020 - 16:49

Буџетот за 2021 ќе тежи 4 милијарди евра

Идната година економијата ќе заздравува. Стабилност се очекува во втората половина од 2021, а до крајот на годината БДП ќе порасне за 4,1%. Ова е предвидено со предлог буџетот за следната година. Потоа, премиерот очекува забрзани стапки на раст на македонската економија.

Државата догодина планира да потроши 4 милијарди евра. Да собере 3,4 милијарди. Дефицитот ќе изнесува над половина милијарда евра. Ќе се покрива со пари од годинашната еврообврзница, но ќе има и нови задолжувања. Со оглед на кризата, не може да се предвиди како ќе се одвиваат работите, и најверојатно догодина ќе има повеќе ребаланси. Но, предвидени се пари за почетокот на 2021 во случај да треба да се носат нови мерки.

За следната година планирано е економијата да се поттикнува и со посилна реализација на капиталните инвестиции за што се предвидени над 370 милиони евра или 20% повеќе од првичните планови за годинава.