Бизнис
11. November 2019 - 16:50

Буџетот за 2020 утре на владина седница - Заев верува дека повисоките плати ќе донесат економска година

Кое министерство да добие повеќе пари, за што да се користат, кои се приоритетни проекти, од кои ќе има најголем ефект?

Се прават последните усогласувања на предлог буџетот за наредната година. Премиерот Заев очекува утре да биде усвоен на владината седница – ветува успешна економска година.

- До крајот на денот се прават последните усогласувања, јас очекуван утре да биде усвоен на владина седница. Многу сум среќен затоа што е скроен таков буџет . Знам дека ќе добиеме економска година со вложувања во човечки капитал, изјави Зоран Заев, премиер.

Министерката за финансии најави дека фокус ќе бидат инвестициите во човечки капитал- ќe растат платите во образованието, здравството, ќе се зголемуваат пензиите, ќе се поддржуваат бизнисите.

Растот на економијата е проектиран на  3,8%, дефицитот на  2,3 отсто. Планирани се задолжувања од речиси милијарда евра, од кои половината ќе се бараат со еврообврзница.

Други детали не се откриваат. Се шпекулира дека ќе биде најобемен буџет до сега, тежок над 4 милијарди евра.

Мината година државната каса  изнесуваше 3,7 милијарди евра, пари од кои се потрошени нешто под 40%.