Буџетот на Општина Гостивар во 2017 година проектиран на 1,1 милијарда денари
Советот на општина Гостивар го изгласа буџетот за претстојната 2017 година кој ќе изнесува 1.098.684.000 денари. Споредено со 2016-та, општинскиот буџет е зголемен за над 5 милиони денари.
На седницата на Советот документот го образложи Фиторе Алигега од секторот за финансии, кој нагласи дека идната година во општинската каса најмногу приходи ќе има од трансфери и дотации, кои во вкупните приходи учествуваат со 64 %. Од данок на имот, данок на доход и други даноци се предвидува да се слеат средства во износ од 20,9% од вкупниот буџет.
И годинава најмногу расходи - 52,3 % ќе има за плати и надоместоци, а за капитални инвестици се предвидени 23,5 % од проектираниот буџет.
Пред членовите на Советот беше појаснето дека во расходите предвидени се и 5,7 милиони денари за претстојните локални избори што ќе се одржат наредната година.
Овогодинашниот буџет на општина Гостивар е реализиран речиси 93 проценти.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација