Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година проектиран на 574 милиони денари
Советот на општина Гевгелија со мнозинство гласови на денешната седница ја утврди буџетската рамка односно ја освои нацрт верзијата на буџетот кој во наредната година ќе изнесува околу 574 милиони денари или околу 9,3 милиони евра.
Приходите на основниот буџет се проектирани на 275,7 милиони денари,од дотации се планираат 195,5 милиони денари, од донации 30 милиони денари, од самофинансирачки дејности околу 19 милиони денари и од приходи од кредите во општинската каса ќе се слеат 53,5 милиони денари.
Најголем дел од приходите или 349,2 милиони денари се планираат од трансфери и донации,122,4 милиони денари се планираат од даночни приходи додека пак капиталните приходи од продажба на градежно земјиште и нематеријално вложување ќе изнесуваат 25 милиони денари.
Најголемото зафаќање е планирано за капиталните расходи кои се проектирани на 206 милиони денари или 35,9 отсто од вкупниот буџет и ќе бидат наменети за изградба и реконструкција на објекти, локални патишта и улици, изградба на водоснабдителни и канализациски системи како и други капитални зафати.
Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков истакна дека основниот буџет е проектиран врз основа на буџетските остварувања во општината во изминативе три години.
– Се водевме од главната цел и определба да го напуштиме популизмот и нереалните планирања бидејќи тоа не е мерило за капацитетот и успешноста на општината. Сметам дека еден ваков значаен документ треба и се заснова на реалните остварувања во изминативе три години на кои просечни износи додадовме уште 10 отсто, рече Поцков.
Нацрт верзијата на буџетот од денеска е дадена на двонеделна јавна расправа, а како предлог буџет повторно ќе се врати на усвојување во општинскиот Совет пред крајот на тековната година.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ