Спорт плус
8. July 2015 - 17:58

Будимпешта кандидат за ЛОИ 2024

Градот Будимпешта и Олимпискиот комитет на Унгарија официјално ја објавија кандидатурата за организација на Олимписките игри кои ќе се одржат во 2024 година. Претходно свои кандидатури доставија Бостон, Париз, Рим и Хамбург.
 
Градоначалникот на Будимпешта и претседателот на Олимпискиот комитет на Унгарија, Иштван Тарлош и Жолт Боркаи со писмо го известиле првиот човек на МОК, Жак Рог, за намерите „да учествуваат во натпреварувањето“ за Игрите во 2024 година.
 
Рокот за доставување на кабдидатури е 15.септември, а МОК името на домаќинот ќе го соопшти во 2017 година.
 
Летнните олимписки игри во 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, а четири години подцна во Токио.