Македонија
22. April 2024 - 12:24

Брзото возење една од главните причини за сообраќајни несреќи во Југоистокот

Брзото возење една од главните причини за сообраќајни несреќи во Југоистокот

Само за три месеци на југоистокот од државата биле констатирани над 4700 сообраќајни прекршоци. Најголемиот дел од нив се направени поради пречекорување на дозволената брзина која е и  главна причина за сообраќајни несреќи во овој дел од државата. Во статистиката на СВР Струмица стои дека од почетокот на годината па заклучно со март,  полицијата регистрирала над 1000 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од пропишаната, а над 160 возачи позади воланот седнале под дејство на алкохол. Споредбено со лани,  овие бројки имаат тенденција на намалување, но и покрај тоа,  од полицијата продолжуваат со серија превентивни акции со цел подигање на свеста за безбедноста во сообраќајот кај сите учесници.

Од СВР Струмица информираат дека превентивните активности ќе продолжат во континуитет, но и потсетуваат дека освен превентивно,  тие ќе делуваат и репресивно за сите што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи ја загрозуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот.