Брутално ја убил својата родена мајка - детали за убиството во Тафталиџе
- Полицијата поднесе кривична пријава против скопјанецот М.Г.(50), осомичен за убиство на неговата мајка извршено на 19-ти овој месец.
Тој вечерта околу 19 часот во семејниот дом одлучил најпрвин да и го одземе животот на неговата мајка, К.Г. (77), а потоа да си го одземе и сопствениот живот. Додека неговата мајка била на креветот, М.Г. и нанел една убодна рана во пределот на градниот кош и во текот на ноќта во неколку наврати се обидел да изврши самоубиство, но не успеал во намерите.
М.Г. и во наредните денови, во повеќе наврати се обидувал да си го одземе животот, но не успеал, по што се откажал од намерата и одлучил да остане во неговиот дом.
На 24-ти овој месец, околу 20 часот, во домот пристигнал братот на пријавениот, кој ја пронашол починатата мајка, а пријавениот му кажал дека тој ја убил. М.Г. бил лишен од слобода и по извршен разговор со него, го појаснил начинот на извршување на делото. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. с
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел