Loading Video...
Спорт плус
14. March 2021 - 17:03

Бронза за Емил Павлов во Премиер лига

 
 
Најдобриот македонски каратиста Емил Павлов се закити со бронзен медал во  натпреварите од Премиер лигата, што се одржаа во Истанбул.
 
Павлов кој настапи во категоријата до 60 килограми во главната фаза оствари три победи и еден пораз, па во дуелот за бронзениот медал беше подобар од Кајсар Алписбар од Казахстан кого го победи со 
4-1 на поени. 
 
Следна цел за Павлов е Државното првенство на Македонија и плеј-офот од Премиер лигата, кои се квалификациски натпревари за Европското првенство. 
 
Главната цел на Павлов е обезбедување учество на Летните олимписки игри во Токио