Loading Video...
Свет
1. August 2021 - 16:31

Бројот на жртви во пожарите во Турција се искачи на 6, активни 5 пожари

Бројот на жртви во пожарите во Турција се искачи на 6, откако синоќа загинаа двајца пожарникари додека се обидувале да се справат со огнената стихија во Манавгат.

Од 112 активни се уште  5 пожари. Гори во делови на покраината  Анталија,  Бодрум и на Мармарис.

Се  евакуираат странски туристи  и локално население. Турските власти истражуваат дали дел од пожарите биле подметнати од курдски екстремисти. 

Многу земји веќе испратија противпожарни авиони во Турција со цел да помогнат во справувањето со катастрофата.