Бројот на жртви во нападот во Тајланд се зголеми на 30
Најмалку 30 лица се убиени, а други 58 се ранети во вооружениот напад во трговскиот центар во градот Нахон Ратчасима, во североисточиот дел на Тајланд, јави денеска тајландската Информативна агенција, повикувајќи се податоци од болницата „Махарат“ во Нахон Ратчасима, пренесе Тасс.
Меѓу 29-те жртви се тројца полицајци, тројца војници и старешини, 23 цивили, како и самиот напаѓач.
Претходно денеска тајландскиот премиер Прајут Чан-Оча изјави дека за време на нападот „ биле убиени 27 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, а 57 лица се ранети“.
Агенциите потсетуваат дека 32-годишниот војник од тајландската армија – наредникот Чакрапант Тома, вчера прво го застрелал својот претпоставен старешина и две други лица во воениот камп каде бил на служба. Потоа украл воено возило „ Хамер“ и со него тргнал по улиците низ градот, периодично отворајќи оган врз минувачите. Влегол и во трговски центар, каде се забарикадирал и земал заложници. По повеќе часови опасада, преговори и престрелки, напаѓачаот ноќеска беше убиен од припадници на тајландските специјални сили.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри