Бизнис
29. јуни 2016 - 14:12

Бројот на работниците во индустријата во мај поголем за 0,4 отсто

Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај лани е поголем за 0,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. 

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 2,3%, во секторот Преработувачка индустрија од 0,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,2%. 

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај Енергија за 1,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,8%, Капитални производи за 9,0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,6%, додека опаѓање има кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%. 

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - мај 2016 година, во однос на периодот јануари - мај 2015 година е поголем за 1,4 отсто.