Балкан
27. March 2020 - 13:49

Бројот на починати од коронавирусот во Словенија се зголеми од шест на девет лица

Словенечките здравствени власти соопштија дека уште три лица починале во земјата како последица од коронавирусот.

Се работи за постари луѓе, а дел од нив биле едни од заразените од Домот за стари лица во Шмарје при Јелшах.

Во меѓувреме од Националниот институт за јавно здравје потврдија 70 нови случаи на лица заразени со коронавирусот со што вкупниот број заразени сега изнесува 632. Од инфицираните со коронавирусот болнички се лекуваат 90 лица, а на интензивна нега се само 22 пациенти.